Актуелно
ЦРВЕН КРСТ: Дистрибуирани 17.662 пакети со храна, собрани над 200 илјади евра
Тимовите на Црвениот крст на Република Македонија до вчера дистрибуирале 17.662 пакети со храна, 15.000 дневни оброци, 7.600 топли оброци, 3.369 литри млеко, 7.172 литри јогурт, 2.025 пакети со хигиена, 128 тони вода, 630 пакети пелени, 550 душеци, 2.154 кебиња, 600 килограми облека, 286 парчиња чизми, 252 литри дезинтал. Укажани се 92 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст и реализирани се четири медицински транспорти.
Како што информираат од Црвениот крст нивни екипи вчера доставиле камион со помош во храна и хигиена за поплавените во Тетовскиот регион, во селата Шипковица и Бродец.
Од вчера Црвениот крст започнаа и со активности во трите прифатни центри „Ранка Милановиќ“, „Сениќ“ и „Партение Зографски“ каде се сместени 150 лица со дистрибуција на дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и витаминска терапија за најранливите.



