Скопје
Во чест на Тоше: Обезбедени 100 крвни единици до 13 часот во традиционалната крводарителска акција
Во Скопје денеска се одржува традиционалната крводарителска акција во чест на музичката ѕвезда Тоше Проески, која се одвива по 14-ти пат на 25 јануари.
Граѓаните даруваат хуманост на дело
До 13 часот се обезбедени околу 100 крвни единици, а акцијата ќе трае до 17 часот во Домот на АРМ.
– Како и секоја година, оваа акција е успешна. Ги повикуваме сите здрави крводарители кои имаат време да се приклучат и да покажат хуманост. Секој успех на оваа акција е доказ за сплотеноста на луѓето – изјави д-р Ефтим Димитровски, раководител на Одделот за крводарување при Институтот за трансфузиона медицина.




