Актуелно
Денеска до 40 степени и УВ индекс 9 – од петок заладување!
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, особено во источните делови. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен и југoзападен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.
Утринските температури ќе се движат од 14 до 22, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 33 до 40 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од западен правец.


