Вести
Денеска облачно со повремен дожд – од утре стабилизација и нагло затоплување
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со слаб дожд во северните делови. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до седум, а дневната од 13 до 20 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со слаб дожд и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 17 степени.


