Вести
Документарецот за ТАТ денес дел од програмата на фестивалот „Браќа Манаки“
„ТАТ – Транзициска еуфорија или национална измама“ е насловот на долгометражниот документарен филм посветен на најголемата пирамидална штедилница во Македонија, денес со почеток во 17 часот ќе биде претставен во малата сала на Центарот за култура во рамките на 36. на ИФФК „Браќа Манаки“.
Оваа 47- минутна сага за ТАТ во продукција на „Видеомозаик“ од Битола, четири месеци макотрпно ја работеше режисерот Сашо Миленковски, кој сместил делови од разговорите што ги имал со дел од актерите, директно инволвирани во аферата некогаш и сега, пренесувајќи ја пораката дека штедилницата беше проект кој покоси глави на политичари, но уште поважно на наивни и невини граѓани.
Во подготовката на документарниот филм за ТАТ, режисерот потрошил три месеци и се сретнал со 17 соговорници. Некои од нив не се охрабриле да застанат пред камера, но обезбедиле податоци. Времето посветено за изработка на филмот, собирањето податоци, контакти со директно инволвираните лица, претставуваат нов предизвик за режисерот Сашо Миленковски да продолжи да работи на оваа тема.



