Вести
Еванс Бивот го освои првото место, Андријана Поп Арсова го урна маратонскиот рекорд во Македонија
14-то издание на Виз Ер Скопски маратон официјално заврши и истиот беше исполнет со одлична атмосфера благодарение на организаторите, поддржувачите и учесниците.
„Ова беше прекрасен настан. Беше преубаво да се види толку голем број на среќни учесници. Имаше одличен натпревар и очигледно е дека сите со големо срце го сакаат Виз Ер Скопскиот маратон. Во однос на сѐ што дознав овие неколку дена видов дека темелите на овој маратон се удрени години наназад и дека самиот негов раст е неизбежен“, истакна светската рекордерка Пола Редклиф.




