Вести
ЕВИДЕНТИРАНИ 7.800 ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП: Надлежните со препораки против ширење на вирусот
Во системот МојТермин се евидентирани 7.807 заболени од грип од почетокот на месецов, а во претстојниот период се очекува постојано зголемување на бројот на заболени. Поради тоа се препорачува да се изврши темелна дезинфекција на сите детски градинки и училишта низ државата, одлучи Комисијата за заразни болести на денешната седница.
Според информациите на Комисијата, во училиштата и градинките не е забележано поголемо отсуство на заболени деца, а имајќи предвид дека се наближува училишниот распуст, можноста за пренос на грипот меѓу учениците во училиштата се намалува.
Комисијата препорачува дека дезинфекцијата на детските градинки треба да ја направат Центрите за јавно здравје во петок во попладневните часови и во сабота во претпладневните часови, а во училиштата треба да се изврши дезинфекција за време на распустот, односно пред почетокот на второто полугодие



