Вести
СТУДЕНО ВО МАКЕДОНИЈА: Снег во Крушево, Маврово и Лазарополе
Во изминатите 24 часа врнежи од дожд и снег се забележани во Прилеп, Дебар, Тополчани, Крушево, Претор, Пожаране, Битола, Охрид, Маврово и Лазарополе. Снежна покривка е формирана во Крушево од осум сантиметри, Маврово 9 и Лазарополе 11 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со силен северен ветер кој повремено на планините ќе биде со брзина околу 100 км/час. Локално ќе провејува слаб снег. Температурата ќе достигне од -2 до 6 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и ветровито, повремено со силен северен ветери со услови за провејување на слаб снег. Температура ќе достигне до околу 3 степени.



