Актуелно
ФОТО: Промоција на кампањата „Излези за ГТЦ!“
Вчеравечер, на платото пред Градскиот трговски центар, граѓанската иницијатива „Го Сакам ГТЦ“ организираше промотивен настан со кој официјално започна широката граѓанска кампања „Излези за ГТЦ“.
Целта на оваа кампања во претстојниот период ќе биде да ги поттикне граѓаните на општина Центар да излезат на референдумот кој ќе се одржи на 26-ти април, а на кој ќе се одлучува за изгледот на ГТЦ.
Ниту ниските температури не ги спречија жителите од оваа општина во голем број да присуствуваат на овој настан. Во својство на граѓанин присуствуваше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, додека пак меѓу публиката можеа да се забележат и бројни македонски архитекти.




