Актуелно
Средношколците продолжуваат со бојкот – притисоците врз учениците растат
ФОТО: Дарко Поповски / Популарно.мк
Средношколците втор ден по ред ја бојкотираат наставата во училиштата. Како што велат од Средношколскиот пленум, тие се револтирани од игнорантскиот однос на министерот за образование Абдулаќим Адеми, со кого веќе подолг период бараат средба за да му ги објаснат лошите реформи во образовниот систем.
Во Скопје има бојкот во шест училишта, „Јосип Броз-Тито“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Здравко Цветковски“, „Георги Димитров“ и „Корчагин“. Освен во Скопје, наставата се бојкотира во Куманово, Тетово, Велес и Кочани.



