Вести
Гласа дијаспората, затворениците, болните и изнемоштените лица
Во пресрет на утрешниот референдум, денеска гласаат болните и изнемоштени лица, затворениците и лицата во домашен притвор, како и македонските државјани во странство кои се пријавиле за изјаснување.
Во 69 од 80 општини пријавени за гласање се 1.859 болни и немоќни лица. Членови на избирачките одбори ќе ги посетат нивните домови каде што болните и изнемоштените лица ќе го остварат правото на глас.
Најмногу болни и изнемоштени за гласање се пријавиле во Демир Хисар – 145, во Прилеп 143, во Струмица 107 и во Крива Паланка 100.



