Актуелно
AETM: За помалку од 7 дена собрани 45.000+ гласови за изборот на најдобрите во македонската е-трговија, гласајте и вие!
Гласањето за најдобрите македонски е-продавници во рамки на четвртиот избор „E-commerce Awards 2024“, организиран од Асоцијацијата за е-трговија, е во полн ек. Оваа година, јавноста има можност да избира помеѓу 200 македонски е-продавници кои ги исполнуваат критериумите за учество.
Најдобрите домашни е-трговци за 2024 година се натпреваруваат во 23 категории, поделени во три секции. Категориите вклучуваат: „Најпопуларна е-продавница“, „Е-продавница за храна и пијалаци на годината“, „Најдобра веб-страница за плаќање на сметки“, „Најдобра новоотворена е-продавница за 2024 година“, „Е-трговец на годината“ и други. Досега се собрани повеќе од 45.200 гласови од јавноста, што ја потврдува високата заинтересираност за изборот „E-commerce Awards 2024“.
Како да се вклучите во изборот и да ги поддржите вашите омилени е-продавници?
Гласањето е бесплатно и отворено за сите граѓани на официјалната веб-страница: www.ecommerceawards.mk. За да гласате, потребно е да внесете валидна е-мејл адреса. Во секоја категорија може да гласате само еднаш, а задолжителни категории за гласање се „е-трговец на годината“ и „најпопуларна е-продавница“ До сега се собрани повеќе од 45.200 гласови од јавноста, а гласањето од јавноста ќе трае до 10 февруари 2025 година, до 23:59 часот.


