Актуелно
Годишна даночна пријава може да се поднесе и во понеделник
Годишна даночна пријава ќе може да се поднесе и во понеделник, на 16 март, бидејќи недела кога истекува рокот е неработен ден, соопшти денеска Управата за јавни приходи (УЈП).
Според последните податоци, 330.737 граѓани веќе ја исполниле обврската за поднесување годишна даночна пријава до УЈП, од кои 1.575 ја искориле можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси.
И покрај големиот број годишни даночни пријави кои изминатите неколку дена се поднесуваат до УЈП (од 40 до 50 илјади пријави дневно), според соопштенуето, не се регистрирани застои и поголеми чекања пред даночните шалтери.



