Вести
Времето денес: Облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Дневната температурата ќе достигне до 11 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, но локално ќе има сеуште услови за краткотрен слаб дожд, на планините со слаб снег, особено во крајните источни и западни делови. Температурата ќе биде во постепен благ пораст.


