Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Хепенинг за одбележување на 1 Јуни – Ден на згрижувачи

Актуелно

Хепенинг за одбележување на 1 Јуни – Ден на згрижувачи

По повод одбележувањето на 1 Јуни, Денот на згрижувачи, денеска во Скопје ќе се одржи голем хепенинг и дружење со децата со посебни потреби и децата сместени во згрижувачки семејства и волонтерите на Црвен крст на град Скопје.

Хепенингот под мото „За повеќе детски насмевки“ ќе се реализира во ботаничката градина во склоп на ЗОО градина Скопје. Планирано е да настапи бенд во живо, кој ќе се погрижи за забавниот дел, а за децата ќе бидат осмислени тематски работилници, како и игри за забава и дружење со волонтерите. Ќе следува прошетка во ЗОО градина и едукација за животните од страна на одговорните лица во ЗОО градина.

Настанот традиционално го организира Црвениот крст на град Скопје, во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Скопје при Министерството за труд и социјална политика и е дел од агендата на годишната програма за социјализација на деца и млади со посебни потреби и децата сместени во згрижувачки семејства.

Цел на програмата е подобрени услови за живот на децата без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства, како и социјализација и дружење.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.