Актуелно
Хидрогенската бомба е најмоќното и најразорното оружје создадено досега
Термонуклеарната или хидрогенската бомба, каква што според тврдењата на Пјонгјаг денеска е тестирана на севернокорејска територија, е произведена по нуклеарните бомби, со кои САД ги бомбардираа јапонските градови Хирошима и Нагасаки кон крајот на Втората светска војна и таа има многу поголема разурнувачка моќ, јави ДПА.
Првата хидрогенска бомба беше тестирана од САД во ноември 1952 година и имаше моќност од десет мегатони, околи илјада пати повеќе од атомската бомба, фрлена над Хирошима седум години претходно.
За производство на таа бомба се користат два тешки изотопи на водород – деутериум и тритиум, при чија синтеза се добива хелиум и се ослободува огромно количество на енергија.



