Актуелно
И вечерва мирно се протестираше пред Собранието, но и во останатите градови
Пред Собранието на Република Македонија и вечерва се одржаа протести кои беа иницирани по објавените материјали во вторникот од страна на опозициската СДСМ за случајот со убиството на Мартин Нешкоски.
Демонстрантите околу 18 часот се собраа кај улиците во близина на Владата, до чија зграда беше оневозможен пристапот од полициските сили. Оттаму се упатија кон Министерството за внатрешни работи, каде исто така им беше блокиран пристапот. Протестите продолжија пред Собранието на Република Македонија. Вечерашните протести поминаа мирно и без посериозни инциденти.
Преку протестот, демонстрантите бараат одговорност и оставки од претставници на власта за случајот со убиството на Нешкоски и реагираат на, според нив, полициската бруталност.


