Вести
Идентификувани жртвите од превртениот автобус, 4 се борат за живот
Три жртви и десетици повредени, од кои 4 се борат за живот. Ова е црниот биланс од сообраќајната несреќа во која се преврте македонски автобус рано утрово на автопатот Лесковац- Ниш.
Српските медиуми пишуваат дека временските услови, лизгавиот пат, снегот и мразот се причини за несреќата. Од МНР информираат дека е познат идентитетот на две од жртвите.
„Станува збор за 68-годишен маж од Бучин, крушевско и 68 годишна жена од Кочани. 32 се повредени. Станува збор за струшки автобус на „Еуротурс“, информираат од македонското МНР.



