Сцена
Жителите на Лесковац сакаат да платат 20 илјади евра за Карлеуша да не настапи на Роштиљадата: „Зарем она не е веган?“
Српската пејачка Јелена Карлеуша (43) треба да настапи на Роштиљадата во Лесковац, Србија, но некои жители се против овој избор. Фејсбук страницата „Движење за Лесковац“ објави статус во кој повикува да се соберат пари што би ги добила Карлеуша доколку не настапи на „најголемата гурманска манифестација во светот“.
Во Лесковац, Србија од 22-ри до 28-ми август ќе се одржи традиционалната манифестација „Роштилијада“, а настанот треба да го отвори Јелена Карлеуша, која за настапот наводно би добила хонорар од 20.000 евра.
Тамошните жители се незадоволни од таквиот избор, но и од високата цена. Против настапот на Карлеуша се и „Движење за Лесковац“, од каде велат дека ќе започнат иницијатива заедно со граѓаните да го наплатат целиот хонорар и да и понудат да не пее во Лесковац.




