Актуелно
Иванов на Курбан Бајрам во џамијата во Шуто Оризари
По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја посети џамијата во општина Шуто Оризари, каде што присуствуваше на утринската молитва и на верниците муслимани им го честиташе празникот.
– Сакам на сите муслимани да им го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Ова е празник кога треба да им се помогне на сите кои им треба помош, да им се даде утеха на сите што им треба утеха, да се биде солидарен, и да се помагаат луѓето меѓу себе во добрите дела. Им посакувам тоа што го прават овој ден, да го прават во текот на целата година, рече претседателот Иванов.
