Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Калвин Харис, Џајковски и над 60 нови изведувачи на ЕГЗИТ Фестивал!

Вести

Калвин Харис, Џајковски и над 60 нови изведувачи на ЕГЗИТ Фестивал!

Калвин Харис, најуспешниот диџеј и продуцент на сите времиња, пристигнува на ЕГЗИТ Фестивал!

Оваа повеќекратно наградувана музичка суперѕвезда ја предводи моќната Егзитова објава на повеќе од 64 нови имиња, меѓу кои се Џејмс Артур, „Маскед Вулф“, Џоел Кори, Џекс Џонс, Зу, Хани Дижон, Масео Плекс, Монолинк, Реиниер Зоневелд, Сатори, Денис Султа, „Сепултура“, „Напалм Дет“, но и музичкиот гениј на македонската електронска сцена КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, како и многу други изведувачи за дури пет фестивалски бини на Петроварадинската тврдина, кои заедно бројат преку неверојатни 50 милијарди прегледи на „ЈуТјуб“ и стриминг платформите!

Сите тие се придружуваат на претходно најавените Ник Кејв и „Д Бед Сидс“ и Борис Брејча во новото издание на Фестивалот, кое ќе биде одржано од 7 до 10 јули 2022 под слоганот „Заедно. Засекогаш!“, а наскоро стигнуваат и уште големи музички имиња!

Калвин Харис (Calvin Harris) е една од најголемите суперѕвезди во историјата на ЕГЗИТ фестивал! Апсолутниот хедлајнер на Главната бина магазинот „Форбс“ шест години по ред го стави на #1 место на листата на најплатени диџеи на светот, со заработка поголема од 300 милиони долари, што е дури три пати повеќе од вкупната заработка на Дејвид Гета и Мартин Гарикс. Овој мегауспешен продуцент, пејач и текстописец досега освои 32 најпрестижни музички награди, вклучувајќи ги Греми, Билборд, Ем-ти-ви и Брит, покрај дури 118 номинации! Соработките со Ријана, Ели Гулдинг, Д Викнд, Дуа Липа, Фарел Вилијамс и Мигос се само некои од вонвременските хитови со негов потпис. Познат е по рушење рекорди и поставување стандарди – неговите песни имаат импресивни 35 милијарди аудио и видео стримови, и го надмина Мајкл Џексон по бројот на песни од еден албум кои се нашле на британската топ 10 листа!

Откога победи на британското натпреварување „Икс фактор“, поп, РнБ и соул пејачот Џејмс Артур (James Arthur) го освојува светот, а сега стигнува и на Егзитовиот „Меин Стејџ“, броејќи во овој момент преку пет милијарди прегледи и стримови! Неговата интерпретација на песната „Impossible“ го достигна првото место на британската топ листа на синглови и стана најпродаваниот победнички сингл на целокупното натпреварување. Следуваа големите хитови како „Say You Won’t Let Go“, која исто така го достигна првото место на британската топ листа и стана една од најслушаните песни на „Спотифај“, потоа „Train Wreck“ и „Naked“, додека неговиот нов албум „It’ll All Make Sense in the End“, како и сите претходни, се најде меѓу првите три албуми.

Австралискиот рапер „Маскед Вулф“ (Masked Wolf), кој се наоѓа во врвот на Билборд листата на најбарани нови изведувачи, се придружува на тимот хитмејкери на Главната бина на Егзит. Тој е автор на планетарно виралната песна „Astronaut In The Ocean“, која е прогласена за најголем хит на 2021 година на ТикТок!

Уште еден „ЈуТјуб милијардер” кој пристигнува на Главната бина е британскиот диџеј и хитмејкер Џекс Џонс (Jax Jones). Неговиот пробој на музичката сцена се случи со соработката со Дјук Думонт на синглот „I Got U“, кој набргу го достигна првото место на британската сингл топ листа. Откако ги освои европските радио-станици, неговиот хит „You Don’t Know Me“ со пејачката Раје е номиниран за Брит награда, а следеа и бројни популарни песни, како што се „Instruction“, на која гостуваат Деми Ловато и Стефлон Дон, „Breathe“ и „All Day and Night“ во соработка со Мартин Солвеиг.

Џекс Џонс и уште едно ново Егзитово име – диџејот и продуцент Џоел Кори (Joel Corry), минатата година го објавија заедничкиот сингл „Out Out“ кој е обработка на планетарниот денс-хит „Alors on Danse“ на Стромае и кој наиде на одлични реакции. Џоел Кори е една од најголемите нови ѕвезди во Велика Британија, кој радио-станиците и фановите ги освои со сингловите „Sorry“, „Lonely“ и „Head & Heart“.

Две песни кои дефинитивно ја обележаа претходната година се клупската химна „Love Tonight“, која на ЕГЗИТ ја носи австралискиот есид-хаус двоец „Шоус“ (Shouse), и „Do It To It“, која за публиката на Главната бина ќе ја изведе „Акрејз“ (ACRAZE). Своите мегахитови „Faded“, „In the Morning“ и „Working For It“ енергично ќе ги претстави ЗУ (ZHU), а за најжестокиот звук на оваа бина ќе бидат задолжени големите имиња кои ја обележаа историјата на метал и хардкор, њу-вејв и пост-панк сцената – култната бразилска „Сепултура“ (Sepultura), легендарната четворка од Бирмингем „Напалм Дет“ (Napalm Death), „Блајнд Чанел“ (Blind Channel) од Финска и белорускиот состав „Молчат Дома“ (Molchat Doma).

ЕГЗИТ фестивалот ќе се одржува од 7 до 10 јули 2022 година на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, Србија, а своите настапи ги потврдија некои од најголемите светски и регионални имиња, како што се Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, James Arthur, Masked Wolf, Joel Corry, Jax Jones, Boris Brejcha, Honey Dijon, Maceo Plex, Reinier Zonneveld, Monolink, Denis Sulta, ZHU, ACRAZE, Djaikovski, Sama’ Abdulhadi, ANNA, Sepultura, Napalm Death, Marky Ramone, Molchat Doma, She Past Away, Brkovi, Paraf, Vizelj, Coach Party, Sana Garić, Prti Bee Gee и многу други, а нови имиња пристигнуваат наскоро!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.