Актуелно
КАМПАЊА: За нешто да се промени, #ДелувајСега!
Денес на фејсбук фан страните на некои од нашите медиуми се објавија постови со хаштаг #ДелувајСега.
Освен постовите, така се појави и нова Фејсбук фан страна, која засега не ја открива пораката, како и причината поради која се појави.
Она за што се знае како факт е дека климатските промени како на луѓето низ целиот свет па така и на македонските граѓани во последните неколку години им влијаат повеќе од очекуваното.



