Скопје
ЗОО Скопје со зимска кампања – „Купи карти сега, искористи ги до 1-ви јуни!“
Зимата традиционално е период со најмала посетеност, но грижата за животните во ЗОО Скопје останува на највисоко ниво!
Тимот на зоолошката градина секојдневно обезбедува првокласна исхрана според строги европски стандарди и се грижи за најдобрите можни услови за сите животни, иако цената за влез е само 80 денари, а трошоците за одржување се драстично зголемени во изминатите три години.
Поддржете го ЗОО Скопје – подарете влезници!
Со цел да се обезбеди континуирана грижа за животните и во зимскиот период, ги повикуваме сите општествено одговорни компании, ресторани, институции и поединци да купат влезници кои ќе важат до 1-ви јуни 2025 година. Овие билети можете да ги подарите на вработени, клиенти, потрошувачи или пријатели, правејќи едно убаво хуманитарно дело.




