Вести
КОЅИАС ВО СКОПЈЕ: Напори да се нормалиираат односите со Македонија
Денешната посета на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на Скопје е во рамките на процесот за нормализирање на односите меѓу Грција и Македонија, по воспоставуваето нова власт во Скопје, пишува „Катимерини“.
Речиси сите грчки медиуми денеска јавуваат дека Коѕиас е во посета на Скопје, каде ќе се сретне со својот колега, Никола Димитров, а ќе биде примен и од премиерот Зоран Заев, претседателот на државата Ѓорге Иванов, вицепремиерот за односи со ЕУ Бујар Османи и претставници на политички партии во земјата.
Во Грција се потсетува дека посетата е подготвувана последните два месеци, и оти завчера во Атина се одржа уште еден состанок за Мерките за градење доверба меѓу двете земји. Токму мерките за градење доверба ќе бидат главна тема во разговорите на Коѕиас во Скопје, но јасно е дека се се врти околу спорот за името, за кој никој не верува дека нема да се спомене, анализираат грчките медиуми.


