Вести
ЛЕДЕНО УТРО: Во Берово минус 10, во Скопје минус шест
Во Берово се измерени минус 9 степени Целзиусови, најниска температура во седум часот изутрина во Македонија, по што следат Крива Паланка со минус 8, минус 7 во Куманово, минус 6 во Скопје Петровец, Тетово, Лазарополе, минус пет Скопје Зајчев Рид, Крушево, Маврово, Демир Капија, Претор, Пожаране, Битола, Прилеп, Дебар, Струмица и Штип, минус 4 Тополчани, Ѓуриште, Охрид, Гевгелија, Виница, минус 2 во Дојран.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), Времето денеска претпладне ќе биде сончево, а попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер, а попладне и до крајот на денот и во Скопската котлина ќе се прошири облачност од запад. Температурата до 7 степени.



