Актуелно
Македонија се приклучува кон акцијата „Часот на планетата Земја“
Со исклучување на осветлувањето на 66 локации денеска Македонија ќе се приклучи кон глобалната еколошка акција „Час на планетата Земја“.
Македонија седма година по ред се приклучува кон оваа акција, а годинава со исклучувањето на осветлувањето на 66-те локации, ќе го надмине минатогодишниот рекорд. Осветлувањето ќе биде исклучено во 20.30 часот по локално време.
Во централното градско подрачје, ќе биде исклучено осветлувањето на на улицата Македонија, палатата Пелистер, Ристиќевата палата, Порта Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, Паркот „Жена борец“, објектот на АЕК, Јавното обвинителство, Министерството за надворешни работи, плоштадот Филип Втори, мостот „Око“ и Мостот на уметноста.



