Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонската естрада се обединува во хумана мисија

Вести

Македонската естрада се обединува во хумана мисија

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ реши да организира една мала хуманитарна акција во која ја вклучи и домашната естрада, а истата го носи името „Еден сон, една порака, една ѕвезда… милион насмевки“.

Имено, во овој период од годината актуелни се новогодишните честитки, а екипата на „Бекстејџ“ во соработка со познатите личности реши на уникатен начин да ги изненади своите гледачи и фановите за прв пат ќе имаат можност да добијат специјална честитка од својот идол.

На пример, доколку ваши идоли се двоецот „2Бона“ , сега имате посебна можност да добиете новогодишна честитка со желби од нив, а се што треба да направите е да донирате за некое болно дете преку телефонските броеви за донации кои што веќе се вртат на крол во рамки на емисиите на „Бекстејџ“, а истите можете да ги најдете и на официјалните страници на Инстаграм и
Фејсбук на „Бекстејџ“ – @backstage_macedonia.

Вашата донација фотографирајте ја преку опцијата screenshot која што ја имате на вашите мобилни телефони и пратете ни ја во ДМ, односно инбокс на нашите профили на социјалните мрежи.

Честитката ќе пристигне во Вашиот дом за кратко, секако, виртуелно.

Да бидеме хумани, среќни и насмеани!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.