Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нов музички бум: Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно заедно во песната „Адреналин“

МК Сцена

Нов музички бум: Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно заедно во песната „Адреналин“

По 16 години од нивниот незаборавен дует „Слаба точка“, двајцата музички уметници Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги обединија своите гласови, енергија и препознатлив музички потпис.

Нивниот нов сингл, насловен „Адреналин“, е песна што ветува свеж звук, динамика и емоција која веднаш ќе ве понесе.

Песната е создадена со јасна цел – да предизвика движење, позитивна енергија и еуфорија уште на првото слушање. Јован и Елвир, кои зад себе имаат бројни хитови и долгогодишна музичка кариера, со овој проект покажуваат дека страста кон музиката никогаш не згаснува – само добива нова форма.

Маркетинг

Премиерата на „Адреналин“ е закажана за 1 ноември 2025 година (сабота) во 15:00 часот, кога фановите ќе можат првпат да ја слушнат новата песна.

Во пресрет на премиерата, објавен е тизер што веќе предизвикува огромно внимание и возбудливи коментари на социјалните мрежи.

„Очекувајте експлозија од енергија и добра музика“, порачуваат Јован и Елвир, кои најавуваат дека ова е само почеток на нов музички циклус.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.