Вести
Можни локални излевања кај помалите водотеци и суводолици
УХМР предупредува на можни локални излевања кај помалите водотеци и суводолици на целата територија на Република Македонија поради временска нестабилност и очекуваните поројни врнежи дожд.
Како што соопшти, тешко може да се предвиди каде ќе паднат врнежите и колкав ќе биде нивниот интензитет.
– На одредени места, поради стеснување на водотеците од разни причини, можни се локални излевања. Препорачуваме внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.



