Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонија се „пржи“: Врв на топлотниот бран, од утре заладување и нестабилност

Временска прогноза

Македонија се „пржи“: Врв на топлотниот бран, од утре заладување и нестабилност

Македонија денеска се соочува со еден од најтоплите денови во летото, со максимални температури кои достигнуваат дури 43 степени Целзиусови.

Времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност, а ветерот ќе дува од југ со слаб до умерен интензитет. Утринските температури се движат меѓу 14 и 22 степени, а дневните ќе се искачат меѓу 36 и 43 степени.

Во главниот град, жителите на Скопје ќе се соочат со исто така исклучително топол ден. Попладне се очекува благо зголемување на облачноста, но сонцето ќе доминира, со температури од 20 до 43 степени и слаб јужен ветер.

Маркетинг

Според информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре се очекува промена на синоптичката слика. Во попладневните часови, можно е појава на локални поројни врнежи и грмежи, а ветерот ќе премине од јужен во северен правец, што ќе донесе постепено освежување и опаѓање на дневните температури во текот на првата половина од наредната недела.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Временска прогноза

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.