Вести
МВР поднесе кривична пријава против Ф.С. за убиството на Мартин Јанушев
Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на СВР Скопје.
– Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот, рече Спасовски.
Додаде дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање.



