Сцена
Филмот на Алек Болдвин, на чие снимање беше убиена снимателка, наскоро ќе ја има својата премиера
Филмот „Rust“ ќе има премиера на полскиот филмски фестивал следниот месец, пишува CNN. Три години откако кинематограферката Халина Хачинс трагично почина на снимањето, светската премиера ќе се одржи на 23 ноември на фестивалот EnergaCAMERIMAGE, со панел дискусија со режисерот на филмот Џоел Соуза, кој исто така беше повреден во пукањето, кинематографите Бјанка Клајн и Стивен Лајтхил, ментор на Халина од филмското училиште.
„Снимателите ќе разговараат за настаните околу филмот, нудејќи увид во продолжувањето на продукцијата по смртта на Халина. Одржувањето на нејзината уметничка визија, колку и да беше предизвик за целата екипа, беше важно за филмскиот тим бидејќи се надеваа дека ќе ја исполнат својата должност да ја завршат нејзината работа“, стои во објавата на проекциите.
„Rust“ е приказна за 13-годишно момче кое е оставено да се грижи за себе и за својот помал брат по смртта на нивните родители во Вајоминг во 1880-тите. Тој оди во бегство со својот одамна отуѓен дедо откако е осуден на бесење за случајно убиство на локален сточар. Болдвин нема да биде присутен на проекцијата.





