Актуелно
Најсилниот ураган во Мексико почна да губи на интензитет
Еден од најсилните урагани „Патриција“, што го погоди пацифичкиот брег на Мексико, почна да слабее денеска, опадна на категорија два, но се уште произведува ветрови кои дуваат со брзина од 210 километри на час.
Ураганот корнел дрвја, носел автомобили, додека илјадници луѓе биле принудени да ги напуштат домовите, но немало извештаи за жртви и властите соопштија оти штетата не е толку катастрофална, како што се плашеле.
Ураганот удри во појасот на слабо населениот брег, недалеку од популарната плажа Пуерто Ваљарта, каде се евакуирани 15.000 туристи.



