Вести
Најстудено во Лазарополе, најмногу дожд во Ѓуриште и Прилеп
Во Лазарополе утрово беше најстудено, шест степени, а најмногу дожд изминатите 24 часа наврнале во Ѓуриште и Прилеп, 16 литри на метар квадратен.
Како што информира УХМР, измерени се осум степени во Крушево, девет во Битола, Претор и Маврово, десет во Ѓуриште, Крива Паланка, Тополчани, Охрид, Прилеп и Берово, 11 во Пожаране, 12 во Дебар, Тетово, Куманово и Скопје Петровец, 13 во Виница и Штип, 14 во Скопје, Дојран, Струмица, Гевгелија и Демир Капија.
До осум часот водниот талог е еден литар на метар квадратен во Штип, Демир Капија, Виница, Охрид, Гевгелија и Струмица, три во Пожаране и Маврово, четири во Тетово, Дојран и Скопје, пет во Берово, шест Крива Паланка, десет во Тополчани и 12 во Куманово.


