Вести
НАСА: Пронајдени се седум планети, можно е на нив да има услови за живот
Меѓународен тим астрономи откриле нов ѕвезден систем што се состои од седум планети со големина на Земјата и кои се во појас во кој можно е да има умерени температури и вода, објави НАСА.
Системот е оддалечен околу 40 светлосни години, а планетите кружат околу студена џуџеста ѕвезда Трапист-1. На три од тие планети можно е да има океани, а врз основа на процеси со кои настанале, може да се заклучи дека веројатно имаат и атмосфера.
Освен тоа, гравитациските сили што дејствуваат на планетите „ја масираат“ нивната внатрешност така што успоруваат нивно ладење. Тоа меѓу другото, значи и дека планетите би требало да бидат тектонски и геолошки активни. Дел од нив имаат густина што одговара на камени планети. Сите наведени факти заедно се добра причина за претпоставка дека во системот може да постојат услови за живот.



