Вести
Ретка „планетарна парада“: Астрофотограф сними седум планети на ноќното небо
На ноќното небо се одвива редок астрономски феномен – планетарна парада, при што седум планети се наредени долж еклиптиката.
Овој спектакл го овековечи астрофотографот Џош Дури, кој на 22 февруари од Мендип Хилс, Велика Британија, успеа да сними неверојатна фотографија што го прикажува овој редок момент.
Како изгледа планетарната парада?
Поради својата светлина, Венера, Јупитер и Марс се најлесни за забележување со голо око. За оние што имаат чиста глетка кон хоризонтот, можат да се видат и Сатурн и Меркур, додека Уран и Нептун бараат двоглед или телескоп за јасна опсервација.



