Актуелно
Нова силна експлозија во кинеското пристаниште Тјанцин
Нова силна експлозија се случи утринава во близина на магацин во северното кинеско пристаниште Тјанцин, каде минатата недела во серија експлозии животот го загубија 114 лица, а 70 се исчезнати, јави кинеската државна телевизија.
Во соопштението се наведува дека по новата експлозија се кренал бел чад. Објавена е наредба за евакуација.
