Видео
Необична појава на небото над Лапонија (ВИДЕО)
Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц Обзервер“, деновиве бил сведок на необична појава во Лапонија, позната уште како „татковината на Дедо Мраз“.
Сталесен со своите пријатели бил на излет на северот на Финска, кога пред нив небото „експлодирало“.
– Возевме по темница и видливоста пред нас беше слаба. Едвај доволно за возење. Небото одеднаш почна да менува бои – црвена, сина, и одеднаш – бум! Огромна огнена топка го осветли целиот предел. Никогаш не сум видел ништо слично, раскажа Сталесен.




