Вести
Облачно со повремен дожд, на планините снег
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови на земјава каде се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува умерен повремено и засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од осум до 17 степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно, во раните утрински часови ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.



