Актуелно
Облачно, свежо и врнежливо
Времето во Македонија ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во југозападните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 3.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 17, а дневната температура на воздухот ќе биде во интервалот од 16 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе бидат послаби. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.



