Актуелно
Опозицијата се враќа во Собранието
Опозицијата предводена од СДСМ, денеска треба да се врати во Собранието на Република Македонија, согласно договорот од Пржино за надминување на политичката криза.
Пратениците од СДСМ не учествуваа воопшто во работата на Собранието, откако по завршувањето на парламентарните избори во април лани, претседателот на партијата Зоран Заев објави дека не ги признава изборните резултати.
Според протоколот кон договорот од 2 јуни, што на 15 јули го потпишаа лидерите на четирите најголеми политички партии, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието, односно до 15 овој месец треба да има нов специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Специјалниот обвинител се именува преку договор на партиите потписници.



