Вести
ЗАЕВ: Деновиве ќе се знае дали ќе има договор со опозицијата или ќе се оди на избори
За неколку дена ќе се знае дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за двотретинско мнозинство кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот кои произлегуват до Договорт за името со Грција. Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев во изјава дадена по свечениот час на новозапиишаните студенти на ФИНКИ.
Заев истакна дека денеска е ден за сублимирање на сите анализи и планови и додаде дека од утре ќе почнат разговори.
Според него, постои капацитет за одржување предвремени избори кои се последна опција доколку не се постигне договор.


