Вести
Почнува гласањето на референдумот
На избирачкото место 5050 во Државната изборна комисија (ДИК) денеска за референдумското прашање гласаат 104 членови и заменици-членови на избирачки одбори кои ќе отпатуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните претставништва на Македонија, каде во сабота на 29 септември ќе се одржи гласање за референдумот.
Гласањето во странство ќе се одвива во 33 дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија, а пријавени за гласање се вкупно 2.694 македонски државјани.
Ќе се гласа во ДКП-та во Берн, Венеција, Љубљана, Виена, Торонто, Лондон, Бон, Хаг, Берлин, Мелбурн, Канбера, Брисел, Стокхолм, Париз, Рим, Копенхаген, Вашингтон, Детроит, Прага, Абу Даби, Белград, Подгорица, Анкара, Атина, Букурешт, Истанбул и Будимпешта.



