Вести
ПОВРЗИ СЕ СО ПЛАНЕТАТА: Ќе се садат илјадници дрва за Часот на планетата Земја
На 10 дена до одбележувањето на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, канцеларијата на акцијата во Македонија ја презентира кампањата „Поврзи се со планетата“, преку која граѓаните ќе се запознаат со природните убавини и ендемичната и реликтна флора и фауна во нашата држава.
Додека глобалната биолошка разновидност се намалува со невидена стапка, Часот на планетата Земја оваа година ќе ги фокусира своите напори да поттикне поддршка за акција за биолошката разновидност и природата под мотото „Поврзи се со планетата“, односно #Connect2Earth.
– „Со оглед на тоа што планетата Земја, нашиот заеднички дом, се соочува со двоен предизвик – климатските промени и опаѓање на биодиверзитетот, нашето најголемо светско еколошко движење има за цел да ги мобилизира поединците, бизнисите и владите да бидат дел од разговорот и решенијата потребни за да се изгради здрава и одржлива иднина за сите.“ – дополнува Селков.



