Вести
ПРАЗНИЧНА ПРОГНОЗА: Од понеделник заладување за пет до шест степени
Опаѓање на температурата за пет до шест степени се очекува од утре вечер кога Македонија ќе ја зафати влажен бран, проследен со поројни врнежи, грмежи и засилен северен ветер.
Како што информира УХМР, промената на времето ќе почне утре попладне и во вечерните часови, а на места ќе наврнат и над 25 литри дожд на метар квадратен.
Поројни врнежи и грмежи се очекуваат особено во северозападните и источните делови од земјава.



