Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Малолетници тешко повредени од струен удар во обид да се фотографираат врз вагон

Вести

Малолетници тешко повредени од струен удар во обид да се фотографираат врз вагон

Двајца малолетници во два одвоени случаја вчера биле тешко повредени од струен удар во обид да се фотографираат качени на вагон на Македонски железници, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во дневниот Билтен МВР информира дека вчера во 15:50 часот во Скопје, во депото на Македонски железници, 14-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна со намера да се фотографира. Кога се доближил до електричниот вод, кој е под висок напон, од струен удар добил тешки телесни повреди. Екипа на Итна медицинска помош малолетникот го пренела во Ургентен центар Скопје каде е задржан на понатамошно лекување.

Ист случај е евидентиран од МВР вчера во 19.05 часот во депото на Македонски железници, каде 15-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна со намера да се фотографира. И тој добил тешки телесни повреди од струен удар откако се  доближил до електричниот вод под висок напон. Бил пренесен во Ургентен центар Скопје и е задржан на понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случаите.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.