Вести
Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи особено во западните и северните делови.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 25 до 32 степена.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 30 степени.


