Актуелно
Продолжен рокот за кризна состојба на јужната граница
Рокот за постоење кризна состојба на јужната граница поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија се продолжува до 15 јуни 2016 година.
Предлог одлуката со 82 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ ја прифати денеска Собранието на Република Македонија.
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков образложувајќи ја потребата од продолжување на рокот, рече дека веќе донесената Одлука за прогласување на кризна состојба во траење до 30 дена ги даде резултатите, но дека се соочуваме со ситуација во која причините за прогласување на кризната состојба продолжуваат да постојат.



