Актуелно
Променливо облачно и релативно топло до 21 степен
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, со појава на утринска магла по одделни котлини.
Ќе има услови за локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 17 степени.


