Актуелно
Променливо облачно и студено, со повремени врнежи од дожд
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има попладне и во вечерните часови кога на места ќе бидат пообилни, особено во северозападните и источните делови. Локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 14 до 21 степен.
Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 18 степени.


